Фото: Zermatt
Во близина на швајцарскиот град Цермат е отворен мост за пешаци, за кој туристичката канцеларија од овој град вели дека е најдолгиот на светот, пишува BBC.
Висечкиот мост наречен Европа е долг 494 метри, широк 65 сантиметри, а се наоѓа на 85 метри висина над кањонот Грабенгуфер.
Мостот го држат челични јажиња тешки осум тони и е опремен со систем што го штити од лулање.