Паметен куфер што го следи корисникот

99

kufer

Фото: TravelMate

Старт – ап компанија од Сан Франциско TravelMate Robotics направи куфер – робот што го следи движењето на сопственикот. Куферот TravelMate се контролира преку паметен телефон, има GPS чип и сопственикот може да го пронајде ако се изгуби.

Времетраењето на батеријата е четири часа (целосно автономен), а потоа може да се влече како обичен куфер. Во куферот има вградено сензори коишто овозможуваат да ги избегнува препреките, а тркалата се блокираат ако го земе непознато лице. Куферот може да се движи рамно или исправено има и USB порт за полнење на различни електронски уреди. Достапен е во три големини: мал и чини 499 долари, среден 595 долари и голем што чини 695 долари.

TravelMate може да се заклучи и отклучи со отпечаток на прст, а максималната брзина на движење изнесува 10,8 километри на час.