Фото: YouTube
Во главниот град на Кина, Пекинг отворени се “теретани во кутија“ коишто се простираат на четири метри квадратни, а во нив има клима уред, лента за трчање и телевизор. Малите теретани се дело на старт – ап компанијата Mipao Technology, која планира да отвори 1.000 теретани, а освен лента за трчање планира да постави и други справи за вежбање, пишува Mashable.
Корисниците прво треба да ја симнат апликацијата којашто ќе им покаже каде се наоѓа најблиската теретана, а потоа со QR код да ја отклучат вратата. Потребно е да уплатат депозит од 15 долари, а откако корисникот ќе влезе во неа се наплаќа 0,03 долари за минута додека не ја напушти и заклучи вратата.
За теретаната, која функционира 24 часа, има голем интерес, а исто така од компанијата велат дека успеале да привлечат 3,7 милиони долари за финансирање на проектот.