Брачен пар од Бања Лука разви апликација што може да спаси животи

33

telefon

Фото: Pexels

Брачниот пар од Бања Лука, Дражен и Ивана Жигиќ, и нивниот колега Стефан Шербеџија од Белград развија апликација за паметни телефони наречена Ping, којашто ги предупредува корисниците за терористички напади, природни незгоди и други опасности во нивна близина, пишува Глас Српске.

Апликацијата неодамна е пуштена во употреба и веќе ја имаат преземено 20.000 луѓе од целиот свет, коишто разменуваат информации за можни опасности во својата околина.

Апликацијата функционира на тој начин што кога некој ќе забележи опасност со еден клик може да ги предупреди луѓето кои се наоѓаат на неколку километри од неа.

Ping е бесплатна достапна апликација за целиот свет, а идејата за таква апликација настанала кога брачниот пар Жигиќ пред неколку години планирале патување во Париз каде се случил терористички напад.

“Тој напад беше причина да развиеме ваква апликација бидејќи на интернет не најдовме ништо слично што би ни дало информација за некаква опасност во наша близина“, вели Дражен Жигиќ.

Засега е направена само андроид верзија, а планираат софтверот да го прилагодат и на паметни автомобили и часовници.