Фото: Replyasap
Ник Херберт од Лондон разви апликација за мобилен телефон којашто го заклучува телефонот на примачот и репродуцира постојан аларм додека не испрати одговор дури и ако звукот е исклучен.
Авторот на апликацијата ReplyASAP вели дека бил фрустриран од достапните апликации за праќање на пораки и затоа креирал сопствена апликација со која ќе биде сигурен дека неговиот син ќе му одговори, пишува Itv.
ReplyASAP ја “мачи“ личноста на која ѝ е испратена пораката блокирајќи го системот на телефонот и го држи алармот активен додека не одговори. Апликацијата дава известување и дали пораката е прочитана.
Апликацијата е достапна на Play store само во Велика Британија и функционира на Android оперативен систем, а треба да ја снимат и испраќачот и примателот.