Сојузот на синдикати на Македонија го одбележаа Светскиот ден на пристојната работа. Синдикалците изразија задоволство од донесувањето на Законот за минимална плата, преземањето мерки за обезбедување на пристојни услови за работа и зголемувањето на степенот на социјалната заштита. Невработеноста на младите луѓе го гледаат како светски проблем кој ќе треба да се надминува со имплементација на низа мерки. Според ССМ, Македонија има направено значителен исчекор во реализација на концептот на пристојна работа, а со Акцискиот план за вработување на млади ќе се поттикне нивното вработување.
И од Владата најавуваат интензивни политики во делот на вработувањето со посебен акцент на младите луѓе.
„Со акцискиот план очекуваме интензивен процес во наредните три до четири години во кој ќе бидат фокусирани сите државни политики во делот на вработувањето со посебен акцент на младите до 29 години“, истакна министерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски.
Концептот на пристојна работа се темели на четири столба, поттикнување на вработувањето, обезбедување на стабилни стандарди во работничките права, зголемување на степенот на социјалната заштита и поттикнување на социјалниот дијалог.