Мал сензор ја прикажува здравствената состојба на пациентот

63

stetoskop-pixabay

Фото: Pixabay

Кјунг ин Јанг, професор по роботика од Кореја и Џон А. Роџерс од Универзитетот Нортвестерн, САД создадоа мал сензор што се носи на кожата и ја следи здравствената состојба на пациентот. Предноста на овој уред е тоа што е ултра лесен и речиси незабележителен за носење, пишува EurekAlert.

Изработен е од силикон и содржи 50 компоненти поврзани за мрежа од 250 минијатурни жици. Силиконот ја следи формата на телото и пренесува информации за движењата, дишењето, активноста на срцето, мускулите и мозокот.

За разлика од останатите сензори, кај овој жиците во силиконот се тридимензионални со што флексибилноста е на највисоко ниво и не доаѓа до кршење при виткање. Уредот се активира преку Wi – fi и може да биде поставен каде било на телото.

Научниците планираат да продолжат со развивање на електронска кожа којашто ќе помогне за развој на телемедицината и ќе ги олесни третманите за пациенти од рурални средини каде што нема адекватна медицинска грижа и нега.