Фото: Twitter
Производителот на 3D печатачи Markforged со седиште во Бостон, Масачусетс, престави два нови модели на печатачи наречени X3 и X5, пишува TechCrunch.
Двата уреди се дизајнирани да креираат предмети со карбонски влакна, користејќи стандарден систем на печатење со конци. Финалните производи се посилни од челик и можат да го заменат овој метал каде што е потребно. Двата печатачи имаат систем за автоматско израмнување и скенирање со цел секој испечатен предмет да биде ист како и претходниот.
Останатите печатачи од Markforged користат специјални термопластични конци, додека новиот X5 континуирано произведува и карбонски влакна што му овозможува да создава до 19 пати посилни и 10 пати поцврсти пластични предмети, како разни алатки и делови што можат да се употребат во повеќе индустрии.
X3 чини 36.990, додека X5 49.900 долари.