Студенти од Египет произведуваат гориво од искористени гуми

44

mature-1366728_960_720Фото: Pixabay

Група студенти од Египет создадоа машина којашто може да произведе гориво од искористени гуми, јавува Reuters. Направата ги загрева гумите сè додека не почнат да испаруваат. Пареата потоа влегува во кондензатор и крајниот резултат има карактеристики слични на чистиот дизел.

Според, Мухамед Саед Али, еден од 12-те студенти кои работат на проектот, јаглеродот односно црниот јаглен останува внатре во кондензаторот и наместо да ја загадуваат околината, тие ги рециклираат гумите на соодветен еколошки начин.

Студентите моментално бараат инвеститори за машината.