Турција заработи 1,88 милијарди долари од извоз на лешници

41

lesnici-pixabay

Фото: Pixabay

Турција заработи 1,88 милијарди долари од извоз на над 235.000 тони лешници во последните 12 месеци, пишува Хуријет.

Сезоната на извоз на лешници 2016 – 2017 година заврши на 31-ви август. Вкупниот волумен на извозот е намален за 5,6%, додека вредноста на извозот од први септември 2016 до 31-ви август 2017 година е намалена за 17,4%, во споредба со претходната сезона.

Најголемиот дел од извозот на лешници е наменет за земјите членки на Европската унија, како и претходните години. Турција е најголем извозник на лешници во светот.