Фото: Barry Callebaut
Светскиот производител на чоколади, Barry Callebaut го претстави чоколадото под името Ruby. Станува збор за посебен вид на чоколадо со карактеристична розова боја, стои во официјалното соопштение.
Ова чоколадо е направено од посебно зрно какао, а Barry Callabaut преку технолошки процес успеа да создаде чоколадо со уникатен вкус и природна боја без никакви додатоци.
Ова зрно какао познато како Ruby има арома и боја на шумско овошје, што се отсликува и на чоколадото.
Чоколадото Ruby беше ексклузивно претставено на специјален настан на петти овој месец во Шангај, Кина.
Barry Callebaut е швајцарска групација за производство квалитетно чоколадо и производи од какао.