Трамвајските станици во Букурешт ќе добијат зелени покриви

44

treva

Фото: Pixabay

Покривите на повеќе од 30 трамвајски станици во Букурешт ќе бидат покриени со вегетација до крајот на октомври, а првата станица веќе е претставена, пишува Romania Insider.

Проектот Зелени станици (Staţii Verzi) е инициран од Асоцијацијата за општествена одговорност Plan B, а финансиран од Kaufland Romania, Engie Romania и Schneider Electric Romania.

Според иницијаторите на проектот, инсталирањето на зелени покриви на трамвајските станици овозможува да се намали бучавата и загадувањето на воздухот. Вегетацијата ги “фаќа” и звучните бранови. За една година, ваков покрив може да апсорбира 130 килограми јаглерод диоксид.

Зелени покриви ќе добијат 34 трамвајски станици, а потоа можеби проектот ќе се прошири и на автобуските постојки.