Jammy – минималистичка гитара

42

untitledwe

Фото: Youtube

Jammy е гитара што го нема оној вообичаен изглед како останатите, односно добро препознатлив облик. Производот е дело на дизајнерската куќа RnD64, а на него се свири со повлекување на “вратот“ од почеток до крај во должина од 30 сантиметри. Во зависност од должината се добива посакуваната октава, пишува Tech Crunch.

Според креаторот на гитарата Дмитри Шемет, првите испораки се очекува да бидат кон крајот на годинава.

Посебен аудио излез овозможува директно да се чуе звукот/музиката во слушалки или звучници, што значи дека не се потребни паметни телефони или таблети.