Фото: 37.5 Technology
Планинарите што без страв ги совладуваат карпите во кањонот Елдорадо, се соочуваат со екстремни услови додека се качуваат, силни ветришта, дождови и многу високи температури во летниот период. Токму затоа потребна им е соодветна опрема како заштитни шлемови, специјални пантолони, чорапи, чевли, јакни…
За таа цел компанијата 37.5 Technology спроведе еден интересен и помалку опасен подвиг, постави поп -ап продавница каде можеби не се плаќа со пари, но потребно е да се искачите 92 метри за да земете дел од опремата што ви треба.