Одборот на директори на Триглав Осигурување АД, Скопје на својата 133-та седница, одржана на 29.08.2017 година, го назначи Рок Пивк за втор извршен директор на компанијата, со мандат од четири години, стои во соопштението.
Оваа одлука следеше откако Одборот на директори на Триглав Осигурување АД, Скопје на својата 131 седница, одржана на 21.06.2017-та година, го назначи Пивк за извршен член на Одборот на директори. Одлуката влезе во сила на денот на донесувањето, а се применува од 08.08.2017-та година, кога Агенцијата за супервизија на осигурување даде согласност за именување на Пивк за член на орган на управување во Триглав Осигурување.
Рок Пивк доаѓа од Заваровалница Триглав д.д. Љубљана, од позицијата извршен директор за финансии. Својата професионална кариера ја гради како експерт за финансии во јавниот и во приватниот сектор во Република Словенија и тоа во Централната банка на Република Словенија и во Заваровалница Триглав д.д. Љубљана.
Функцијата главен извршен директор на компанијата и понатаму продолжува да ја врши Ѓорѓе Војновиќ, додека Сања Танчевска ќе ја врши функцијата прв извршен директор на компанијата.
“Му посакуваме добредојде на Пивк во Триглав Осигурување. Убедени сме дека со својата професионалност и експертиза ќе придонесе кон зацврстување на лидерската позиција на Триглав Осигурување на пазарот на неживотни осигурувања и ќе ја поддржи компанијата во реализирањето на планираната стратегија и остварувањето на зацртаните деловни резултати”, изјави во оваа прилика главниот извршен директор на компанијата, Војновиќ.