Романија е четврти најголем извозник на електрични велосипеди во ЕУ

64

velosiped-pexels

Романија е четврти најголем извозник на електрични велосипеди во Европската унија и се наоѓа зад Германија, Белгија и Холандија, пишува Romania Insider.

Во текот на 2016 година, Романија извезла 82.000 електрични велосипеди, што е 10% од вкупниот извоз на електрични велосипеди.

Германија е прва земја во ЕУ со извезени 240.000 електрични велосипеди, што претставува 29% од вкупниот извоз во Унијата, по нејзе следат Белгија со 170.000 електрични велосипеди и Холандија со 100.000 велосипеди.