Во Србија работат најмалку 1.000 продавници за носена гардероба

63

obleka-zakacalki-pixabay

Фото: Pexels

Во Србија моментално работат 740 компании што исклучиво се занимаваат со препродажба на увозна и носена гардероба, пишува Политика.

Но, се претпоставува дека конечниот број на вакви продавници би бил многу поголем – најмалку 1.000 доколку постои официјален список на сите оние кои во изминатата година влегле во тој бизнис.

“Можно е да има и повеќе, но кај нас се регистрира една, претежна дејност. Фирмите, исто така, имаат можност да се занимаваат и со останати дејности што се законски дозволени. Од Царината, меѓутоа, не успеавме да добиеме податоци за количината на таа стока што во Србија се увезува од Австрија, Германија или Италија, од каде што е оваа облека најчесто доаѓа на нашиот пазар“, велат од Агенција за економски регистри.

Податоците покажуваат дека продавници за таканаречена second hand облека најмногу се отвораат во Белград, Нови Сад, Шабац, Ниш и Зрењанин. Овој вид на продавници претходно се отвораа на периферија од градовите и во неугледни локални, најчесто поради помалиот промет, но и поради луѓето кои се срамат да купуваат ваква облека. Денес, трговците носена облека имаат интерес за плаќаат високи закупнини на одлични локации во центарот на градот.