Boeing: Награда од два милиони долари за креација на функционално летало

44

untitled

Фото: Youtube

Американската корпорација Boeing заедно со организацијата GoFly ќе доделат награда вредна два милиони долари за функционален летечки дизајн, пишува Engadget.

Boeing заедно со неколку други големи имиња од авијацијата ќе го понудат своето менторство и техничка експертиза на тимовите коишто ќе се пријават на натпреварот.

Победничкиот дизајн треба да биде возило или уред што вертикално ќе полета и слета со човек и ќе може да помине растојание 32 километри без да застанува за полнење. Решението треба да е ултра – компактно, тивко и соодветно за урбана средина. На кандидатите останува како ќе го дизајнираат и изработат леталото.

Парите ќе бидат распоредени во три фази. Десет тимови со интересни концепти ќе добијат награда во вредност од 20.000 долари, четири тимови ќе бидат наградени со 50.000 за најдобри прототипови и технички спецификации, а финалниот победник ќе си оди дома со еден милион долари.