Со новата LTE напредна технологија, Неотел овозможува поквалитетен и побрз интернет

52

1-12

Со последните инвестиции во сопствената инфраструктура, Неотел ја воведе LTE напредната технологија од последната генерација и со тоа на корисниците им овозможи многу поквалитетен и побрз интернет. Дополнителна поволност е тоа што компанијата оваа услуга ја направи достапна по многу поволна цена. Сите нови пакети на новата LTE мрежа сега се достапни со специјална промотивна понуда од 50% попуст на претплатата во првите три месеци. Покрај склучениот договор на две години, корисниците ќе може да ја тестираат услугата и доколку не се задоволни во првиот месец да го раскинат договорот без пенали, стои во соопштението.

Оваа технологија на Неотел, вклучена во новото портфолио пакети за домашни корисници (Net 20, Net 30, neoTrio 20), сега носи многу побрз и поголем трансфер на податоци, што веќе станува приоритет при изборот на оператор. Со брзината на интернет сообраќајот, LTE технологијата претставува нова фаза во безжичната мрежа, којашто се користи како пристап до корисниците. Ова е надградба на претходната WiMax технологија што постепено ќе се исфрла од употреба. Повеќе информации за достапни на следниот линк.

Голема предност на оваа безжична услуга е едноставната и брза самоинсталација на опремата со оглед на тоа што корисникот може веднаш да почне со користење на услугата откако ќе склучи договор. Покрај значително подобрените перформанси, како што се брзината и капацитетот, благодарение на добрата техничка поддршка на Неотел, сите корисници без разлика дали се наоѓаат во урбаните или рурални средини имаат можност да ја користат новата мрежа. Моментално територијата на Скопје е целосно покриена со новата безжична мрежа, а  надградбата етапно ќе продолжи и во останатите градови од државата.

Терминот LTE (Long Term Evolution) или во превод долгорочна еволуција, често се користи како синоним за четврта генерација во мобилната телефонија којашто овозможува голема брзина при пренос на податоци на мобилните телефони, таблети и други преносни уреди кои имаат вградено антена за ваквата технологија. Тоа што LTE технологијата ја прави поразлична од претходните генерации е брзината на пренос на податоци, што во однос со третата генерација е четири до пет пати поголема.