Alibaba заинтересирана да отвори логистички центар во Србија

127

library_logos_alibabaeh_large

Фото: Alibaba

Кинеската компанија за продажба преку интернет – Alibaba е заинтересирана во Србија да пронајде партнер за отворање на логистички центар, пишува РТС.

“Тие имаат свој дистрибутивен центар во Франкфурт за ЕУ, но се заинтересирани во Србија да најдат партнер за еден таков логистички центар“, изјави Татјана Матиќ, државна секретарка на Министерството за трговија, туризам и телекомуникации на Србија.

Отворањето на таков логистички центар, според нејзе, ќе овозможи не само дистрибуција на производи што се произведуваат во Кина, туку и производи што српските компании би можеле да ги пласираат на други пазари.

На почетокот на оваа година, Alibaba најави планови за инвестиции и во Бугарија.