Создаден софтвер за креација на 3D селфи

48

iiФото: Youtube

Тим од експерти од универзитетите во Кингстон и Нотингем создадоа софтвер што може да направи 3D верзија на лице само од една обична фотографија, пишува Mirror.

Таканареченото 3D селфи е резултат на вештачка интелигенција што ги препознава цртите на лицето во 2D техника и потоа ги претвора во 3D модел.

Програмата е веќе поставена на интернет и секој може да ја испроба. Досега бројката на оние што направиле свое 3D селфи изнесува 430.000. Тимот користеше база на податоци од над 80.000 2D слики заедно со соодветните 3D модели за да го “научи” компјутерот да ги препознава клучните карактеристики.

Овој софтвер, според експертите, може да се искористи за безбедносни цели, на пример, скенирање на обична фотографија и креирање на слика во 3D со што би се олеснило пронаоѓање на некоја личност во толпа луѓе. Примена може да најде и во анимирани филмови, специјални ефекти кај блокбастерите и во разни медицински цели.