Над 2.000 бугарски компании работат во Романија

58

kolicka-za-soping-pixabay

Фото: Pixabay

Над 2.000 компании со бугарски капитал работат во Романија, а приближно толкав е и бројот на романски компании што работат во Бугарија, пишува Mediapool.bg.

Трговската размена меѓу двете земји во 2016 година достигна 3,8 милијарди евра, што е за 5,7% повеќе во однос на претходната година.

“За нас е многу важно да продолжиме да ги охрабруваме бугарските инвеститори да вложуваат во Романија, како и да ги поддржиме романските компании да имплементираат проекти во Бугарија“, вели Стерика Фундулај, државен секретар во Министерството за деловно окружување, трговија и претприемништво на Романија.

Во соработка меѓу Романија и Бугарија најчесто се вклучува трговија со метали, нафтени деривати, шеќер, житарки, лекови, прехранбени производи, како и транспортни средства.