Кроациа Осигурување – Живот прва финансиска институција во Македонија со стекнат сертификат ISO 10002:2014

79

croacia-osiguruvanje-zivot-facebook

Фото: Facebook

Во насока на континуираното унапредување и креирање на задоволство кај своите корисници, компанијата за животно осигурување во земјава, Кроациа Осигурување – Живот воведе систем за задоволство на корисниците и процес за управување со поплаки, согласно стандардот ISO 10002:2014, стои во соопштението.

Воспоставувањето на сертифициран систем за компанијата претставува стратешка определба со цел да понуди стандардизирана услуга за своите корисници.  Имплементацијата на овој стандард има за цел да обезбеди зголемување на квалитетот на услугите, анализа и обезбедување постојана контрола на услугата и подобрување на односите со клиентите.

“Постојано се стремиме да ги утврдиме и исполниме потребите и барањата на нашите корисници, со цел постигнување на нивно задоволство во секој сегмент од работењето“, велат од Кроациа Осигурување – Живот АД Скопје.

Сертификатот одобрен од страна на Lloyd’s Register Quality Assurance подразбира следење на задоволството на корисниците. Во текот на траењето на сертификатот се спроведуваат континуирани контроли за примената на системот согласно утврдениот стандард.

Компанијата истовремено е предводник на финансискиот пазар и во имплементацијата на стандардот за управување со квалитет, издвојувајќи се како единствена финансиска институција во Р. Македонија која е ISO сертифицирана согласно стандардот ISO 9001:2015.