Во Мулти бизнис центарот на Скопски саем, денес ќе биде потпишан меморандумот за соработка меѓу Македонско-израелскиот бизнис клуб и Сојузот на стопански комори на Македонија.
Меморандумот ќе го потпишат претседателот на Македонско-израелскиот бизнис клуб, Дејанов Дејан и извршниот директор на Сојузот на стопански комори на Македонија, Митко Алексов. На потпишувањето ќе присуствуваат членки на двете асоцијации, како и други гости.
На настанот ќе биде промовирана и првата активност на заедничката соработка, односо Вториот интернационален бизнис форум кој Македонско-израелскиот бизнис клуб го организира по вторпат во Македонија, при што Сојузот на стопанските комори се јавува како партнер преку вклучување на своите членови.