Фото: Umbrellium
Umbrellium, компанија за софтвер од Лондон, дизајнираше интерактивен пешачки премин чии LED сијалички се палат по потреба, а се гаснат во ноќта кога никој не поминува, пишува Dezeen.
LED диодите се вградени на површината на високо отпорни пластични панели што се активираат со помош на камери што го следат сообраќајот. Камерите го предвидуваат движењето на пешакот, возилото или велосипедот и согласно на тоа се палат сијаличките.
Покрај тоа што можат да издржат голема тежина, панелите, исто така, се отпорни и на дожд. За време на ноќта кога нема сообраќај светлата се гасат, а автоматски се појавуваат кога е најраздвижено. Притоа ја прилагодуваат својата големина, даваат ориентациони насоки и бои со цел да се прилагодат на бројот на пешаци кои треба да поминат по улицата.
Овој иновативен дизајн е креиран за да го намали бројот на несреќи што се случуваат на пешачките премини. Интерактивниот премин, исто така ги предупредува корисниците на паметни телефони кога не внимаваат на патот.