Indiegogo market place – платформа за продажба на производите што имале своја кампања

60

untitled

Фото: Indiegogo

Платформата за групно финансирање Indiegogo ќе почне да ги продава производи од стартапите што имале своја кампања, пишува TechCrunch. Веднаш штом ќе бидат произведени, истите ќе можат онлајн да се купат на Indiegogo.

Компанијата, со седиште во Сан Франциско, освен своите, на новата платформа Indiegogo Marketplace, ќе продава и други производи што се финансирани на друго место.

Indiegogo ќе добива од 10% до 15% од продажната цена на производот.