Четка што за три секунди ги чисти забите

48

uniko

Фото: Kickstrter

Тим инженери од италијанската компанија Unico направија паметна четка што може да ги измие забите за само три секунди. Unico е патентиран од 28-годишниот италијански дизајнер Никола Нишел кој се обиде да го намали препорачаното триминутно чистење на забите.

Овој изум има 22 одделни ротирачки електрични четки што истовремено ротираат околу горните и долните заби. Unico го чисти и јазикот преку малите отвори кои прскаат специјална формула што е мешавина на паста за заби и течност за плакнење на уста. Паметната четка доаѓа во неколку различни големини и има посебен дел за складирање на пастата за заби.

Unico е поставен на платформата за групно финансирање Kickstarter од каде треба да собере 75.000 евра. До крајот на кампањата остануваат уште 50 дена и досега имаат собрано 59.310 евра.