Од 2025 година 12 светски градови ќе користат само електрични автобуси

49

bus-2755560_960_720

Фото: Pixabay

Лондон, Париз, Лос Анџелес, Кејптаун, Копенхаген, Барселона, Кито, Вакнувер, Мексико Сити, Милано, Сиетл и Окланд од 2025 година ќе користат само електрични автобуси, со цел да ги сведат емисиите на штетни гасови на нула, пишува Independent.

Градоначалниците на овие 12 градови се дел од коалицијата C40, што се залага за борба против глобалното затоплување. Според нивните проценки, 59.000 автобуси од различен тип сообраќаат на улиците на овие 12 градови.

Донесената одлука значи промовирање на пешачење, возење велосипеди и употреба на јавен превоз. Целта на овој голем проект е поголемиот дел од градовите да се ослободат од штетните гасови до 2030 година.