Kuehne + Nagel соработува со најголемата компанија за е – трговија во Кина

88

kine-nagle-foto-oficijalna

Фото: Kuehne + Nagel 

Од својата експертиза за електронска трговија, Kuehne + Nagel соработува со најголемата компанија за овој вид на трговија во Кина – JD.com, за дизајнирање на синџирот на снабдување, вклучувајќи проверки за контрола на квалитет, стои во соопштението.

Технолошкото решение му овозможува на JD.com да има постојан увид во складирање на производите што се увезуваат во Кина. Решението е спроведено во рок од 12 месеци во магацин во Јапонија.

JD.com набавува производи од светски брендови за поддршка на зголемената побарувачка на кинеските потрошувачи за прекуокеански производи. Претходно, стоката била испраќана директно од производителите на овие брендови и прегледувана во магацини во Кина, но често пати се случувало производите да бидат оштетени, со поминат рок или во несоодветна количина. За да се справи со овие предизвици, Kuehne + Nagel соработуваше со JD.com за да дизајнира решение за синџирот на снабдување што вклучува проверки за контрола на квалитет во складиштето, пред испорака во Кина.

Овој таканаречен Transfer centre опфаќа различни активности, како што е ригорозна карго инспекција, броење на инвентар и проверка на пакувањето на палети, сите поддржани од најсовремени системи интегрирани во информатички систем поврзан со системот за управување со складиштата на JD.com.

Хан Лиу, генерален менаџер за логистика на JD.com, изјави: “Задоволни сме од новиот центар на Kuehne + Nagel дизајниран за JD.com и успешната имплементација на проектот во Јапонија. Убедени сме дека подобрениот синџир на снабдување ќе им овозможи на нашите партнери да имаат уште посигурен канал за електронска трговија на пазарот, а понатаму ќе се уверат дека нашите клиенти секогаш добиваат производи со највисок квалитет“.

Вонг Сју Лонг, претседател на Kuehne + Nagel за Северна Азија и Пацификот, рече: “Kuehne + Nagel се здружи со JD.com за да воспостави решение за подобрување на интегритетот на својот синџир на снабдување. Иако окружувањето носеше предизвици, успеавме да развиеме план за пристап на JD.com во Центарот и да го имплементира во Јапонија. Оваа соработка е во согласност со целите на Kuehne + Nagel за поддршка на потребите на кинескиот лидер за електронска трговија. Очекуваме отворање на вакви центри во целиот свет во блиска иднина“.