Фото: Pixabay
Бензинот Еуросупер БС – 95, дизелот Еуродизел (Д – Е V) и екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ – 1) поскапуваат за еден денар, додека новата цената на Еуросупер БС – 98 се зголемува за половина денар, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.
Со тоа, новата цена на Еуросупер БС – 95 е 64 денари, на дизелот 52 денари за литар, додека Екстра лесното масло за домаќинство ќе чини 40,50 денари за литар. Од полноќ, еден литар Еуросупер БС – 98 ќе се продава по 65,50 денари литар.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,508 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 16.10.2017 година и со тоа цената на М-1 НС изнесува 26,795 ден/кг.