Nikon затвора фабрика во Кина

49

nikon

Фото: Nikon

Компанијата Nikon соопшти дека ќе ја затвори својата фабрика за дигитални апарати во провинцијата Јиансу во Кина, обвинувајќи го подемот на паметни телефони за падот на компактниот дигитален фотоапарат, пишува Peta Pixel.

Подружницата на Nikon, во којашто работеа 2.285 луѓе, беше отворена во 2002 година, а се произведуваа дигитални фотоапарати и DSLR леќи.

“Во последните години поради порастот на паметните телефони, компактниот пазар на дигитални фотоапарати брзо се намалува, што доведе до значително намалување на оперативната стапка кај Nikon Imaging (China) и создавање на тешки пазарни услови”, стои во соопштението на компанијата.

Nikon произведува опрема за дигитални фото апарати во фабрики во Јапонија и Тајланд.