Сончева централа ќе генерира пареа за нафтено поле во Оман

38

mmФото: Youtube

Американската компанија GlassPoint Solar, заедно со нафтената компанија Petroleum Development Oman (PDO), го заврши првиот блок од 1.021 мегаватната сончева централа Miraah. Објектот ќе помогне годишно да се елиминира емисија од  300.000 метрички тони на јаглерод диоксид, пишува Clean Technica.

Miraah ќе биде составена од 36 блокови, односно стакленици, а ќе испорачува 6.000 тони пареа дневно за потребите на нафтеното поле Amal West во Оман. Таа истовремено и ќе го заштитува полето од тешки временски услови како песочни бури и силни ветришта.

Сончевата централа ќе ги “собира“ зраците од сонцето со помош на огромни огледала и на тој начин водата од нафтеното поле ќе ја претвора во пареа. Добиената пареа ќе се искористи за полесно извлекување на нафтата на површината. Miraah исто така, годишно ќе заштеди околу 5,6 илјади милијарди британски термални единици (BTU) природен гас.