Google го мери загадувањето на воздухот

87

kola

Фото: Google

Компанијата Google презеде уште една иницијатива којашто има за цел да ја подигне свеста за важноста на заштитата на животната средина. Google се здружи со компанијата Aclima за да ги мери нивоата на загадување на воздухот во Калифорнија и да ги прикаже наодите на својата платформа.

“Научниците и специјалистите за квалитет на воздух може да ги искористат добиените информации за да им помогнат на локалните организации, владите и регулаторите во идентификување на можностите за постигнување на поголеми подобрувања во квалитетот на воздухот. Мерењата покажуваат дека автопатиштата и сообраќајот на локалните улици влијаат врз загадувањето“, вели менаџерот на програмата, Карин Тусен Бетмен.

Компаниите ќе го мерат квалитетот на воздухот во Сан Франциско, Лос Анџелес и Централната долина, користејќи автомобили на Google Street View, пишува The Next Web.