Цените на горивата поскапуваат за два до три денари

27

gorivo-toci-pixabay

Фото: Pixabay

Горивата од полноќ добиваат нови и повисоки цени за два до три денари, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Еден литар Еуросупер БС – 95 поскапува за 2,50 денари и ќе чини 66,50 денари, додека новата на Еуросупер БС – 98 е повисока за три денари и ќе изнесува 68,50 денари за литар. Дизелот Еуродизел (Д-Е V) добива нова и повисока цена за два денари и еден литар ќе се продава по 54 денари.

Исто толку поскапува и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ – 1) и неговата цена за литар ќе биде 42,50 денари.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 2,556 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 30.10.2017 година и со тоа цената на М-1 НС изнесува 29,351 ден/кг.