Роботи анализираат што се продава по полиците во продавниците

42

r5

Фото: Bossa Nova

Американскиот старт – ап Bossa Nova Robotics, којшто креира роботи за објекти на малопродажба од Paxion собра 17,5 милиони долари за да го прошири својот бизнис. Во финансирањето на производството на роботи од серијата B, вклучени се Intel Capital, Cota Capital и други коишто заедно ќе инвестираат 47,5 милиони долари, пишува Tech Crunch.

“Компанијата работеше на изнаоѓање на решение за автоматизација на роботите во продавниците за да се подобри искуството на купувачите“, вели директорот на Bossa Nova, Мартин Хич.

Трговците ги користат роботите од оваа старт – ап компанија за да анализираат што се продава на полиците во трговските објекти. Роботите автоматски се движат низ продавницата и гледаат што недостасува и кои продукти треба да се нарачаат.

Компанијата неодамна најави партнерство со трговскиот ланец Walmart, којшто планира да ги користи роботите од серијата B во 50 продавници.