Фармацевтската компанија Јака 80 Радовиш, во период од први јануари до 30-ти септември оваа година, оствари вкупна сеопфатна загуба од 9.144.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.
Во деветте месеци од 2016 година, компанијата прикажа загуба од 24.017.000 денари
Вкупните приходи од продажба, заклучно со 30-ти септември оваа година, достигнаа 61.063.000 денари. Од нив на домашен пазар се остварени 29.651.000 денари, додека остатокот од 31.412.000 денари е реализиран во странство.