Социјалните медиуми низ бројки

social-media-2690966_960_720

Фото: Pixabay

Интернетот го користат 3,17 милијарди корисници.

Од нив 2,3 милијарди се активни на социјалните медиуми.

Дури 91% од брендовите за широка потрошувачка, користат два или повеќе социјални медиуми за промовирање.

Корисниците на интернет во просек имаат 5,5 профили за социјалните медиуми.

Секој ден, бројот на нови корисници на мобилната верзија на социјални медиуми се зголемува за еден милион или 12 корисници во секоја секунда.

Facebook Messenger и Whatsapp примаат околу 60 милијарди пораки дневно.

Дури 96% од луѓето кои дискутираат за брендовите рекламирани онлајн воопшто не ги следат профилите на тие брендови.

Само преку WordPress месечно се објавуваат 56 милиони блог постови.

Google процесира 100 милијарди пребарувања месечно.

Секој ден од 16% до 20% од пребарувањата се нови.

Од 2003 година па наваму, Google има процесирано околу 450 милијарди нови пребарувања.

Повеќе од половина од пребарувањата на Google се од мобилни телефони.

Секојдневно на Facebook се приклучуваат 500.000 нови корисници, односно шест нови профили секоја секунда.

Бројката на активни Facebook страници на мали бизниси е 40 милиони.

Но, од нив само два милиона плаќаат за рекламирањето.

Секоја минута на Youtube се прикачуваат 300 часови видео содржина.

На едно видео преку мобилен телефон просечен корисник се задржува повеќе од 40 минути.

Дури 90% од корисниците на Instagram се помлади од 35 години.

Најпопуларна храна на Instagram се пиците, а потоа следуваат суши и разните стекови.

LinkedIn брои 450 милиони индивидуални корисници.

Еден просечен извршен директор (CEO) има околу 930 конекции на LinkedIn.

Над три милиони компании имаат креирано LinkedIn профили.