ЕОЅ група ја презеде компанијата SAF Forderungsmanagement, компанија на Дојче Телеком за управување со побарувања. Договорот за преземање стапи на сила на 1 април оваа година.
“Со ова преземање, EOS стана клучен партнер во наплата на побарувањата на Дојче Телеком во Германија. Со седиште во Хајделберг, SAF Forderungsmanagement е една од најреномираните компании за наплата на побарувањата на германскиот пазар”, стои во соопштението.
Клаус Енгбердинг, член на Управниот одбор на ЕОЅ група, одговорен за работењето во Германија, истакна дека со преземањето на SAF, ЕОЅ група станува лидер во наплата на побарувања во телекомуникацискиот сектор.