Фото: Fusion DNA
Португалскиот ресторан Nando’s Putney Kitchen во Лондон има “жив“ ѕид што го прочистува воздухот од штетните материи и ја апсорбира бучавата, пишува Inhabitat.
Ѕидот е изработен од теракотни ќелии и е дело на архитектонското студио Fusion DNA. Оваа вертикална градина се наоѓа во централниот дел на ресторанот каде што има стаклен покрив којшто пропушта големо количество на дневна светлина. Потребната вода е обезбедена од цевка којашто е прикачена на горниот дел од ѕидот и се пренесува подеднакво насекаде со помош на гравитацијата низ специјална ткаенина.
Ќелиите се исполнети со специјален материјал што ја складира водата, а зелениот ѕид ја апсорбира вревата од посетителите како и штетните честички од воздухот со цел да го подобри неговиот квалитет.
Проектот е дело на шпанските специјалисти за вертикални градини Singulargreen и Urbanarbolismo и ја освои Наградата за најдобар дизајн на ресторани и барови за 2017 на глобално ниво.