Научници од NASA создадоа гуми од титаниум што можат да се движат по секаков терен

29

guma

Фото: Youtube

Научници од NASA креираа ултра еластични гуми од никел титаниум (нитинол) легура што се витка и ја менува формата, а потоа лесно се враќа во првобитната положба, пишува Inhabitat. Иако овој изум е дел од проектот да се олесни движењето на возила на други планети, а инженерите од NASA веќе тестираа верзија од оваа гума на автомобили и камиони на Земјата.

Новата гума е многу подобра на влечење по песок, таа е поиздржлива и ја намалува целокупната тежина со употребата на нитинол. Овој материјал им дава на гумите екстра еластичност. Благодарение на оваа карактеристика, гумата може да поминува преку секаков нерамен терен без да се уништи, односно без да го смени својот облик и да ја намали цврстината.

Научниците се надеваат дека овие гуми ќе им овозможат на вселенските возила да ја истражуваат почвата на Марс или Месечината без проблем, подолг временски период, носејќи поголем товар. На Земјата овој изум би значел многу помалку одржување, помалку отпад и што е најдобро нула дупнати гуми.