InsiteVR – состанок на виртуелно градилиште, а секој седи во својата канцеларија

38

vr

Фото: InsiteVR

InsiteVR е софтвер што на архитектите им овозможува да разгледаат и разработат поединечни детали од проектот и организирање на состанок на виртуелно градилиште, а секој да седи во својата канцеларија. Програмата овозможува презентерот да го контролира 3D моделот, да маркира, зумира и во исто време да разговара со соговорниците кои учествуваат во виртуелен состанок.

Презентерот може да одржи виртуелен состанок, покажувајќи им на другите учесници на состанокот детали во размер 1:1, а секој од нив може слободно да го истражи 3D моделот и да ги маркира критичните места во проектот. Програмата овозможува и слободно цртање во виртуелен 3D простор.

InsiteVR е компатибилен со Revit, SketchUp, FBX, OBJ и CAD софтвери, а за да се одржи состанок потребна е соодветна опрема како GearVR , Oculus Rift или HTC Vive.