Вештачки роботски мускули со неверојатна моќ

85

artificial_muscles

Фото: MIT CSAIL

Научници од институите МИТ и Wyss на Харвард креираа меки вештачки мускули, инспирирани од јапонската уметност оригами, коишто се доволно силни да подигнат предмети 1.000 пати потешки од нив користејќи само воздушен, односно воден притисок.

Еден таков мускул, чија што тежина е 2,6 грама, може да подигне предмет тежок три килограми. Тој може да се создаде за само 10 минути од материјали што чинат помалку од еден долар, правејќи го целиот процес брз, евтин и лесен. Секој вештачки мускул се состои од внатрешен скелет опколен со воздух или течност којшто е сместен во вреќа од “кожа“. Вакуумот во внатрешноста на вреќата го поттикнува движењето на мускулите создавајќи притисок.

Овие меки мускули може да се програмираат, односно самиот креатор го одредува начинот на виткање на мускулот, а со тоа и движењето на целата структура. Истражувачкиот тим креираше десетици вакви мускули од различни материјали, од метални жици и сунѓер за пакување до пластични плочи.

Мускулите што се базирани на вакуум имаат многу помала шанса да се скинат, оштетат и не се шират кога работат. Тоа значи дека ќе можат да се користат во минијатурни хируршки уреди, роботски егзоскелети за носење, во подводни и вселенски истражувања и друго.