Фото: Nestle
Швајцарската прехранбена компанија Nestle на Куба ќе гради фабрика за кафе и бисквити вредна 55 милиони долари. Фабриката ќе се гради во бизнис зоната Мариел.
Фабриката е заедничко вложување помеѓу Nestle и кубанското претпријатие за храна Corporación Alimentaria, S.A. (Coralsa).
Куба ја изгради бизнис зоната околу пристаништето Мариел западно од Хавана пред четири години, нудејќи им на фирмите значајни даночни и царински олеснувања, пишува Reuters.
Фабриката ќе започне со производство кон крајот на 2019 година и на почетокот ќе произведуваат производи од кафе, а подоцна бисквити и други продукти.