Во Данска дизајнирана биолошка куќа

118

kebony_character-the_biological_house-middlefart-low_res_15Во главниот град на Данска, Копенхаген е дизајнирана биолошка куќа целосно изградена од обновливи и еколошки материјали. Таа неодамна ги отвори своите врати за посетителите, а зад иновативниот дизајн стои дизајнерската фирма, Een til Een.

Куќата е изградена од преработени производи од земјоделската индустрија, вклучувајќи трева, слама и морски алги, коишто се процесираат, а крајниот резултат се природни градежни материјали.

kebony_character-the_biological_house-middlefart-low_res_14

Наместо традиционалната основа од бетон, градбата “стои“ на потпирачи – шрафови што обично се користат за градење на длабоки плочи со минимален шум и вибрации. Проектот е во целост поддржан од Министерството за животна средина на Данска.

Архитектите соработуваа и со компанијата за обработка на дрво Kebony, кои имаат развиено посебна технологија што не ѝ штети на околината.

kebony_character-the_biological_house-middlefart-low_res_2

Штом еднаш ќе се изгради куќата може лесно да се носи од едно место на друго без да остави трага или да ѝ наштети на околината. Потоа, истата може повторно да се конструира според желбите на клиентот.

Фото: Kebony