Фото: Pexels
Со поддршка на Европскиот инвестициски фонд, грчкиот акцелератор Metavallon формираше фонд вреден 35 милиони евра што ќе биде фокусиран за финансирање на проекти од Централна и Источна Европа. Metavallon во Грција функционира од 2012 година, а низ Европа е присутен преку соработката со FIWARE заедницата.
Почетокот на работата на фондот е закажан на почетокот на наредната година, а планот е во наредните четири години да инвестира во 40 проекти.
Целта е да се поттикнат разновидни проекти, а фокусот е ставен на оние што се занимаваат со машинско учење и вештачка интелигенција, роботика, микроелектроника, SaaS / Cloud технологијата, Internet of things (IoT), blockchain, виртуелна и проширена реалност, пишува Startit.
Грчкиот фонд, освен што сака да се прошири низ целиот регион, исто така сака да ја прошири и својата мрежа на соработници. Цел им се: инкубатори, акцелератори, бизнис ангели, консултанти и старт – ап хабови.