Дизајнери од Холандија создаваат биопластика од алги за 3D печатење на предмети

84

kkФото: Youtube

Холандските дизајнери Ерик Кларенбек и Марте Дрос создадоа биопластика од алги, за којашто веруваат дека може целосно да ја замени синтетичката пластика, пишува Dezeen.

Тие одгледуваат специјален вид на алги во вода коишто потоа ги сушат и обработуваат во материјал што може да се користи за печатење на предмети во 3D техника.

Според нив, материјалот може да се користи за сè од изработка на шишиња, прибор за јадење до канти и сите предмети што досега се правеле со пластика добиена од фосилни горива како масло. Освен од алги, Ерик и Марте имаат создадено и обработливи материјали од мицелиум, скроб од компири, лушпи од какао што ги користат за 3D печатење.

Целта на дизајнерското студио е да создаде локална мрежа на вакви 3D печатачи, наречена 3D Пекарница. Нивната идеја е дека во иднина ќе има продавница на секој уличен агол каде што ќе може да се “печат“ органски суровини, исто како свеж леб.

Студиото работи заедно со американската компанија Ecovative и досега има креирано комерцијална линија на производи од мицелиум наречена Krown.

Истражувачкиот проект на дизајнери е моментално изложена во музеј во Ротердам, како дел од изложбата наречена Change the System.