Brightline – ултра брз воз што може замени три милиони автомобили

52

locomotive

Фото: Brightline

Флорида ќе го добие првиот приватен, ултра брз воз во САД, којшто ќе може да замени околу три милиони автомобили и со тоа да придонесе за почист воздух, пишува NPR.

Возот, наречен Brightline, ќе се движи по најгусто населениот дел на Јужна Флорида каде што живеат шест милиони жители и каде бројката на туристи е на завидно ниво.

За неговата изградба беа потрошени три милијарди долари, а средствата беа обезбедени од компанијата All Aboard Florida. Проектот вклучува и отворање на продавници, ресторани и станбени единици покрај станиците.

Brightline ќе се движи на патека изградена до шини што датираат од 19-от век, а неговата максималната брзина ќе изнесува 193 километри на час. Ќе работи на дизел електрични мотори со што ќе се намалат штетните емисии, како и бучавата.

Зад неговото конструирање стои Siemens USA, а во процесот беа искористени делови од 40-тина добавувачи од 20 различни држави во САД.