ЦЕЕД Хаб Скопје организира завршна презентација на 17 старт – ап бизниси

39

hab-fb

Во просториите на ЦЕЕД Хаб во Скопје, денеска од 13 до 16:30 часот, се организира завршна презентација на 17 старт – ап бизниси коишто учествуваа на програмите на ЦЕЕД Хаб во изминатите три месеци.

Стартапите ќе се претстават пред потенцијални инвеститори со кои ќе можат да разменат информации во врска со нивниот бизнис. Во изминатиот период ЦЕЕД Хаб Скопје имплементираше две програми за стартапи со цел поддршка на тимовите во развој на нивните бизниси. Акцелераторската програма, единствена во Македонија, вклучуваше седум стартапи во кои ЦЕЕД Хаб Скопје инвестираше 68.000 долари.

Пред – акцелераторската програма наменета за дизајнери, поддржана од Програмата за зголемување на пазарната вработливост, вклучуваше девет стартапи. Учесниците од програмите имаа можност да работат со домашни и странски експерти, да истражуваат и имплементираат иновативни решенија, како и да добиваат важни деловни совети од ментори – македонски бизнисмени подготвени да го делат своето искуство и знаење.

На настанот ќе може да се поставуваат прашања и да се отворат можности за соработка.

ЦЕЕД Хаб Скопје е отворен во рамки на УСАИД Проектот за микро и мали претпријатија, ко- финансиран од Владата на Швајцарија, а имплементиран од ЦЕЕД Македонија – Центар за развој на претприемачи и менаџери. Во последните неколку години претставува еден од најактивните центри за поддршка на старт – ап екосистемот во Македонија.