Доделени признанијата Македонски квалитет за 2017 година

40

priznanija-ssk

Фото: CCK

ФХ3Х, Чеза Комерц, Конто Профит, Процес Ин, Вработување.ком, Пост Експрес Македонија, Агроунија, Антариас, ПЗУ Поликлиника Тоспаш и Женскиот младински хор при МКЦ се добитници на признанијата Македонски квалитет за 2017 година, стои во соопштението на Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК).

“Македонските инвеститори се економски амбасадори кои успешно го промовираат македонскиот квалитет. Изминатата година имаше бројни предизвици за приватниот сектор. Сакаме да веруваме дека пред нас е година на интернационализација на македонскиот квалитет ширум светот, на можност за инвестиции во човечки ресурси, модерни технологии и напредни процеси неопходни за општествен и економски развој. Растот на домашните инвеститори во поволен амбиент, значи раст на вкупната економија“, изјави претседателката на ССК, Данела Арсовска.

Оваа манифестација, којашто е под покровителство на Кабинетот на Претседателот на Република Македонија, се одржува секоја година во знакот на оддавање признание и промовирање на деловните успеси на македонските инвеститори за тековната година при што се доделуваат 10 признанија за Македонски квалитет 2017 година.