Европски суд на правдата: Uber да се регулира како такси компанија

47

taksi-pixabay-580x387

Фото: Pixabay

Европскиот суд на правдата донесе одлука дека американската компанија за превоз на патници Uber во Европа треба да се регулира како такси компанија, пишува BBC.

Случајот се појави откако од Uber беше побарано да ги почитува локалните правила за такси компании во Барселона. Здружението на таксисти во Барселона се обидоа да го спречат проширувањето на Uber во овој град. Таксистите тврдеа дека возачите на Uber треба да подлежат на овластувања и барања за лиценца и ја обвиниле компанијата за нелојална конкуренција.

Uber тврди дека компанијата треба да биде регулирана како давател на информативни услуги, бидејќи се базира на апликација којашто ги поврзува патниците со возачите, а не такси компанија.